Загинувањето на Пушкин!
Дуелот Пушкин – Дантес
Една французинка го прашува Александар Сергеевич за тоа, кои биле неговите предци. Разговорот се води на француски јазик.
- Всушност, господине Пушкин, вие и вашата сестра имате во вените црнечка крв?
- Се разбира, – одговорил поетот.
- Вашиот дедо бил црнец?
- Не, тој веќе не бил тоа.
- Значи, тоа бил вашиот прадедо?
- Да, мојот прадедо.
Значи, навистина тој бил црнец …да, да …но во тој случај, пак, кој бил негов татко?
- Мајмун, госпоѓице, – пресекол, најпосле, Александар Сергеевич.
По евиденцијата на пушкинистите, судирот со Дантес бил најмалку дваесет и првиот предизвик на дуел во биографијата на поетот. Тој бил иницијатор на петнаесет дуели, од кои се извршени четири, останатите не се изведени поради примирување на страните, во основа по заслуга на пријателите на Пушкин; во шест случаи предизвикувањето на дуел доаѓало не од Пушкин, туку од опонентите. Првиот дуел на Пушкин се случил уште во лицејот.
Дантес бил роднина на Пушкин. Малку пред дуелот тој бил женет со родената сестра на жена му на Пушкин – Екатерина Гончарова.
Конфликтот на Пушкин со Дантес бил испровоциран со анонимните писма, кои алудирале на љубовна врска помеѓу жената на Пушкин, Наталија, и Дантес. Дуелот се случил на 27 јануари ( 8 февруари ) 1837 година во околината на Санкт-Петербург, во реонот на Црна рекичка близу Командантската вила. Во дуелот Пушкин бил смртно ранет во бедро. Куршумот го скршил бедрото и навлегол во стомакот. Со самото тоа ранувањето било смртоносно. После два дена поетот умрел.
Во мемоарите на современиците се одбележувало, дека во светот упорно циркулирала гласина, за тоа, дека лично баронот Хекерн набавил за Дантес панцирна кошула, која тој ја имал на дуелот. За сличните гласини постоеле сериозни аргументи – куршумот испукан од Пушкин го пробил мекото ткиво на раката на Дантес, и го погодил телото. Во изјавите пред Комисијата на воениот суд, Данзас и виконтот во еден глас тврделе, дека истрелот на Пушкин го соборил Дантес.
Согласно официјалната верзија, куршумот се одбил, со рикошет, од копчето на вицмундирот, но, при удар со таква сила куршумот попрво од се едноставно би го разорил и би го вбил копчето во телото ( мундирните копчиња тогаш се изработувале исклучително од меки метали ), но, како што е познато други рани Дантес не добил. Освен тоа, загадочното копче така и не било доставено на судот. . .
. . . Плашејќи се од демонстрации, царот Никола I наредил тајно да се изнеси телото на Пушкин од Петербург. Сандакот го придружувале жандарми и стариот пријател на семејството на поетот, А. Тургењев. Погребан е Пушкин на гробиштата на Светогорскиот манастир, кој е на пет врсти од селото Михајловско.
Од децата на Пушкин само две оставиле потомство – Александар и Наталија. Но потомци на поетот живеат сега по целата земјина топка: во Англија, Германија, Белгија . . .Некаде педесетина живеат во Русија.
На 27 јуни 2006 година во Етиопија е откриен споменик на Пушкин, од каде што се предците на овој поет.
февруари 15th, 2010 at 11:14 pm
Ех…кога го прочитав Пушкин…веднаш стиховите
А Евгениј беше ученик мал,
а таленти живото
му беше дал
да биде краток кога збори и како сезнајко да е
и патем тој да спомне се…
и потоа ми е магла ама…
Со мечтите Татјана ита
во месетот гледајќи
и в пресрет мисла и ита…
и…
и потоа се се знае големите љубови
се големи оти не остануваат заедно
п.ц. Благодаранм што во овие саат ме потести на ова
иако не е во скалд со постот баш…
февруари 15th, 2010 at 11:49 pm
medeno, fala za komentarot. inaku, nesto sto go doznav za Puskin sakav da go procita uste nekoj drug. pozdrav.
p.s. se gleda deka ja sakate poezijata.
февруари 16th, 2010 at 12:34 pm
Постов многу ми се свиде и затоа го гласав на Пинг.
февруари 16th, 2010 at 5:31 pm
razvigor, fala mnogu, pozdrav.
февруари 16th, 2010 at 6:36 pm
Некаде прочитав дека секое утро, кога ќе се разбудел, неговиот слуга на послужавник му носел пиштол, со кој пукал во ѕидот. Постојано вежбал смирена рака за двобој. Не знаев за овие детали, околу двобојот со Дантес.
Поздрав
февруари 16th, 2010 at 7:47 pm
partik, всушност Дантес му бил љубовник на Хекерн ( кој бил од некоја европска, тогашна, држава дојден како претставник при дворот на рускиот цар во Петровград ), а тој стравувајќи дека ќе го изгуби својот љубовник, отишол кај Пушкин да го моли да го откажи дуелот, да му прости на Дантес. Кога Пушкин не сакал да го откажи дуелот, тогаш Хекерн побарал барем да го одложи за некое време. На тоа Пушкин сепак се сложил, и дуелот бил померен за две недели. За тоа време Хекерн, сакајќи по секоја цена да го спаси својот љубовник, тајно кај занаетчија му исковал панцирен елек на Дантес со кој тој излегол на дуел и кој елек го спречил зрното да го пронижи неговото тело. И јас верувам дека Пушкин бил добар стрелец, и дека можеби бил прв кој истрелал, ете дури и истовремено истрелале, но куршумот го пронижал Пушкин, а панцирниот елек го спасил Дантес. После дуелот извадиле верзија дека куршумот удрил во копче на мундирот на Дантес, никој не подозревајќи дека под мундирот Дантес носи панцирен елек. поздрав.
февруари 16th, 2010 at 11:59 pm
асп
февруари 17th, 2010 at 6:41 pm
asp1
февруари 18th, 2010 at 1:22 am
асп2
февруари 27th, 2010 at 11:44 pm
asp 1837
март 18th, 2010 at 2:41 pm
Eritreja pretendira na Pushkin?